Раст на азиските пазари: Скокнаа акциите на технолошките компании

Сподели со своите пријатели

Најголем дел од азиските берзански индекси денеска пораснаа, најмногу благодарение на растот на цените на акциите на технолошките компании, но кинеските берзански индекси повторно паднаа.

Loading...

Најширокиот индекс на акциите на MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,3 отсто до 7:00 часот наутро, откако минатата недела потона за повеќе од 2,5 отсто.

Утрово на токиската берза индексот Никеи порасна за 1,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто. Во Шангај и Хонг Конг тие паднаа меѓу 1,2 и 2,1 отсто.

Поголемиот дел од кинеските берзански индекси утринава сè уште се во минус, блиску до петгодишното дно, бидејќи растот на втората по големина светска економија е побавен од очекуваното и поради тоа што кризата на пазарот на недвижности се уште не е решена.

На другите берзи во регионот индексите пораснаа, најмногу благодарение на растот на цените на акциите на технолошките компании.

Во исто време, јапонскиот индекс Никеи достигна ново највисоко ниво од 1990 година.

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна, по минатонеделниот раст од 0,8 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава ослабе за 0,07 отсто, 103,19 поени.

Loading...

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 148,15 јени, колку што беше во петокот вечерта, на 148,05 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото порасна од 1,0898 на 1,0905 долари.