РАСПРОДАЖБА ВО РУСИЈА: Се тепаа за облека од една рубља (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотици клиенти се упатиле кон руската продавница „Чаир“ во Владикавказ за да добијат ефтина облека за една рубља (0,01 евро).

Loading...

Во општиот хаос, луѓето се карале, тепале и грабале што и да им дојде до рака.

Поради големата распродажба во четвртокот, долги редици се формирале пред отворањето, а на избезумените клиенти им беа потребни само пет минути за да ја уништат продавницата.

Кој останал  со празни  раце ќе има можност за „реванш“ бидејќи продавницата наскоро најавува нова распродажба.

Сепак, локалните власти ги предупредуваат претприемачите да ги чуваат своите клиенти безбедни.

На социјалните мрежи се појавија снимки од мобилни телефони, кои станаа хит на интернет, при што луѓето коментираат за тоа колку се шокирани од однесувањето на клиентите.

– Ова е ужасно. Луѓето се одрекуваат од достоинството за партали – беше еден од коментарите.

Leave a Reply