Распишан тендер за изградба на патишта и канализација во ИЗ Речица

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави оглас за доделување договор за јавна набавка за изградба на атмосферска канализација и улици со пристапен пат во индустриската зона во село Речица, Кумановско. Проценетата вредност без данок на додадена вредност изнесува 16.949.150 денари. Заинтересираните правни субјекти треба да ги достават понудите најдоцна до први април, годинава.

Loading...

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска изјави дека во тек е јавниот оглас, потсетувајќи дека Владата, претходно одобри 20 милиони денари за индустриската зона во Речица.

-Со предвидените средства, согласно проектната документација, ќе се изработи првата траса на пристап до приодниот пат, воедно и комплетна атмосферска канализација во однос на првата траса и пристапниот пат и дел од првата улица, со што ќе се одбележи и влезот на индустриската зона. По извршување на градежните работи што во идниот изведувач ќе треба да ги заврши, ќе продолжиме со пронаоѓање дополнителни средства, со цел да и дадеме урбан лик на инудстриската зона, бидејќи досега интерес пројавија и домашните и странските компании.

Сметаме дека на овој начин ќе се подигне вредноста на зоната, изјави Димитриевски.

Во понатамошните фази по принцип на јавно наддавање, појасни Димитриевски ќе се продаваат градежните парцели на потенцијалните инвеститори, а средствата што ќе се добиваат ќе бидат реинвестирани за зоната.

-Конечна цел е оваа индустриска зона да профункционира и да почне да вработува луѓе и да се зголеми БДП-то во дражавата, посочи Димитриевски.

Владата кон крајот на минатата година одвои средства за ифраструктурно уредување на зоната што се наоѓа во близина на автопатот Табановце-Куманово и зафаќа површина од 60-тина хектари.

Leave a Reply