Распишан оглас за студенти за шестмесечна платена пракса во МЗШВ

Сподели со своите пријатели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува јавен оглас за ангажирање на 25 практиканти, за шест месечен практиканска работа во секторите и управите на министерството.

Loading...

Преку овој оглас, право за аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти на завршна година студии од земјоделските, шумарски и ветеринарни високо образовни институции во државата. Односно студенти од областа на  биотехничките науки (наука за земјиште и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, пчеларство, овошатарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство, рибарство, шумарство и холтикултура, преработка на дрво, биотехнологија, прехранбена технологија, преработка на анимлани производи), градежништво и водостопанство, правни науки, економски науки и-или природно-математички науки – хемија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време. Практикантите за време на практиканската работа остваруваат право на надоместок во висина од 70% од минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надоместок во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.

Наша цел како министерство е мотивирање на младите и давање можност своето стекнато знаење да го дадат во развој на институциите, но и стекнување на ново знаење и вештини во струката.

Рокот за пријавување на јавниот оглас е 10 дена од денот на неговото објавување на веб страната на министерството www.mzsv.gov.mk, каде заинтересираните може да најдат и повеќе информации за апликацијата и потребните документи при апликацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето