Рашфорд: Победата над ПСЖ ни донесе силна позиција во групата

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд го сподели своето мислење за победата над ПСЖ (2:1) во мечот од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Loading...

– Игравме одлично, но има уште простор за напредок. Важно е за нас, фудбалерите, да веруваме во системот со кој главниот тренер ни вели да играме. Беше тешко на моменти, особено пред крајот на натпреварот, но сепак го одржувавме интензитетот висок. Понекогаш моравме да се браниме многу длабоко, бидејќи неверојатни играчи играат во ПСЖ.

Убаво беше да се постигне гол, но победата е поважна. Сега имаме силна позиција во групата, но помина само едно коло. Треба да ги задржиме интензитетот и концентрацијата што ги покажавме на натпреварот против ПСЖ, изјави Рашфорд.

На другиот меч од воведното коло во Х-групата, Лајпциг го совлада Башакшехир со 2:0.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply