Расчистено е речното корито кај градскиот парк во Куманово

Сподели со своите пријатели

Расчистено е речното корито во близина на стариот градски парк во Куманово, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Делот од речното корито е исчистен со средства од минатогодишниот тендер за чистење на дел од речните корита на реките: Којнарка, Липковка, Кумановка и Крива Река на територија на општина Куманово и диви депонии за кој од општината беа одвоени скоро два милиони денари.

Месецов истекува договорот со избраната компанија за чистење на речните корита и диви депонии. Од одделението за јавни набавки информираа дека го подготвуваат тендерот за избор на компанија за листење на речните корита за тековната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

 

 

Лани, на тендерот беше избрана компанијата од општина Василево, друштво за градежништво, трговија и услуги ЕВРОГРАДБА-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ село Владиевци, Василево и за оваа намена од буџетот беа одвоени милион, 994 илјади 220 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Кумановци велат дека треба да се исчистат и речните корита долж теченијата на реките и во другите делови од градот. Тие повикуваат на засилени контроли, суштинско применување на законските одредби и казни за несовесните граѓани кои фрлаат смет во речните корита. Дел од уметниците на свој начин испратија пораки до надлежните од општината дека е потребно чистење на речните корита.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко