Пред многу години обичај било секој човек да сака да се зарадува прво со машко наследство. Но, мнозина судбината ги лишила од тоа задоволство и за цел живот, не одминувајќи ги и најбогатите и прочуени семејства.
Така, ваквата судбина го снашла и еден средновековен феудалец во Славиште, кривопаланечко, којшто управувал со овој крај уште додека Турците биле далеку во Мала Азија.
Како се формирало селото и Драгоманце и од каде токму тоа име?
И покрај тоа што тој и жена му, ги посетиле сите свети места и најпрочуени врачови и бајачки во околината, господарите на Славиште редум добиле четири ќерки, кои подоцна надалеку се прочуле со својата убавина.
Феудалецот многу ја сакал својата жена и залудни биле многуте совети и убедувања да се прежени.
Славиште било многу плодно и околните феудалци со завист го гледале и му се сителе на неспокојството на феудалецот – сопственик за машко наследство. Секого од нив го мачела мислата како да се приграби дел од Славишко поле, служејќи се со интриги за миразот на неговите ќерки – убавиците Ранка, Љуба, Гина и Петра.
Но, нордиот феудалец, господаро на Славиште, најпосле сепак морал да попушти и да дозволи да се распарчи неговиот голем имот. Немајќи друг излез, тој ги омажил своите ќерки со благородници од соседството и ги примил за домазети.
Како настанало селото Малотино?
Најстарата ќерка Ранка останала на татковиот двор, а на другите ќерки и на домазетите им биле изградени нови дворци во близина, на најубавите места на Славиште. Притоа, настанети на распарчениот имот и поради тешките прилики во кои западнала државата, наскоро сите осиромашеле, а од нивните потомства подоцна настанале селата што ги носат имињата на четирите сестри: Ранковце, Љубинци, Гиновце и Петралица.
Извор: „Наш весник“ – 14 август 1970 година