Рама: Во Албанија од четврток задолжително носење заштитна маска и на отворено, казните во сметките за струја

Сподели со своите пријатели

Од четврток во Албанија се воведува задолжтелно носење заштитна маска и на отворен простор, најави премиерот Еди Рама, на денешната прес конференција.

Loading...

-Оваа мерка за превенција од коронавирус ќе стапи во сила в четврток, 15 септември. Сите граѓани се обврзани да носат маска насекаде, на улица, на секој јавен простор, освен дома и угостителски објект каде што ќе седат на маса за да го потрошат тој дел од времето таму, рече Рама.

Додаде дека маската не е задолжителна само во Албанија, туку и во многу земји во светот, посочувајќи дека казните за непочитување на мерката ќе бидат ригорозни и ќе се внесуваат во сметките за потрошена електрична енергија.

– Ниту еден поединец нека не се надева дека ќе ја избегне казната. Сите земји од регионот се движат кон оваа мерка. Ние сме во битка да ги систематизираме односите со сите служби и сите бизниси со тоа што ќе се ослободиме од оние инспектори кои за разлика од повеќето ги уништуваат овие односи. Државната и општинската полиција ќе ја контролираат целата територија и ќе бидат со нулта толеранција за секој кој нема да носи заштитна маска. Се надевам на совеста на граѓаните, изјави Рама.

Исто така нагласи дека целта на секој Албанец не треба да биде повторно затворање, бидејќи тоа би било лошо за економијата а тоа е можно да се избегне само со носење маска.

-Да не затвораме ниту еден бизнис, ниту едно училиште, да не ја затвораме земјата, затоа што знаеме колку е лошо за економијата на земјата. Подобро маска денеска,отколку затворени дуќани утре, подобро маска денеска отколку затворени училишта утре, подобро маска денеска отколку цел град во карантин утре, порача Рама.

Во Албанија во последната недела редовно се регистрира негативен рекорд на новозаразени. Од направени тестови дури 18 отсто од нив се позитивни на опасниот вирус. Меѓу заразените има и медицински лица, просветни работници, воспитувачки во градинки.

Вера Тодоровска, Тирана

Loading...

Leave a Reply