Ракометарките на Куманово поразени во клучниот натпревар за титула (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово претрпеа пораз, прв, но веројатно и последен на домашен терен оваа сезона, откако вчера ракометарките на Ѓорче Петров прикажаа подобра игра во еден од клучните натпревари за титула во домашниот шампионат.

Loading...

 

 

Со резултатот 22:27, ракометарките на Ѓорче Петров сега ја презедоа првата позиција на табелата во женската ракометна Супер лига, иако од стартот на сезоната тоа место го држеа кумановки.

 

 

Loading...

Во текот на целиот вчерашен натпревар гостинскиот состав држеше предност пред сино-белите кои мака мачеа да ја достигнат предноста и лавовски се бореа до самиот крај.

 

 

Со пет реализирани погодоци најдобра во составот на Куманово беше Наташа Нолевска, а Кипријановска и Алмеида имаат гол помалку. Во составот на Ѓорче Петров поентер на мечот со десет голови беше Симона Стојановска.

 

 

Loading...

До титулата останува многу малку. Ѓорче Петров треба да го совлада Металург, а Куманово има две опции да го победи составот на Деспина и да се надева дека Ѓорче Петров би загубил од Металург.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски