Ракометарите на Куманово го совладаа Партизан

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово остварија победа во второто коло од домашната машка ракометна лига, откако на домашен терен вчера го совладаа составот на Партизан од Гевгелија со резултат 31:28.

Напорна и брилијантна игра прикажа составот на РК Куманово им овозможи победа во второто полувреме, откако првиот дел од средбата заврши со водство од еден гол за составот на гостите од Гевгелија, односно резултат 13:14.

Најефикасен во составот на Куманово беа Даниел Несторовски со 10 голови, додека Дарко Георгивски со 16 интервенции брилираше во текот на натпреварот.

– Мислам дека го реши искуството, имаме добра клупа, се менувавме и во второто полувреме изигравме машки, го свртевме резултатот во нашата корист. Мислам дека можам уште подобро, бидејќи на физички план не сум спремен, но со текот на сезоната мислам дека ќе сум спремен, изјави Даниел Трајчевски.

– Мислам дека можевме уште подобро да изиграме, иако во првото полувреме влеговме доста мотивирани, но мислам дека попуштивме во играта и во второто полувреме добро изигравме, како што покажавме добар резултат, мислам дека можам уште подобро. Посакуваме да имаме многу публика, поддршка од публиката, од клубот имаме голема поддршка, од тренерите исто и мислам дека оваа сезона може да оствариме добри резултати за влез во Супер лигата, изјави Даниел Несторовски.

– Јас сум многу задоволен од себе, сакам да и честитам на екипата и на моите тренери, да се заблагодарам публиката на поддршката и се надеваме понатаму дека ќе правиме се позитивни и позитивни резултати и да ја вратиме публиката во кумановската сала, изјави Дарко Георгиевски.

Следниот натпревар, ракометарите на Куманово го играат со тимот на Спартак.