Ракочевиќ заминува од КК Куманово, на негово место Игор Бјелиќ

Сподели со своите пријатели

Жарко Ракочевиќ и официјално од вчера повеќе не е дел од Кошаркарскиот клуб Куманово, а информацијата ја потврдија од управата на клубот на нивниот профил на социјалните мрежи.

Како причини за ваквата одлука од клубот ги наведуваат недоразбирањата со новиот тренер Марјан Србиновски, поради што Ракочевиќ самиот донел одлука да го напушти клубот и градот.

Замена за него најверојатно ќе биде Игор Бијелиќ кој сезонава одигра неколку натпревари за клубот. Ваквата промена доаѓа само една недела пред еден од најважните натпревари на клубот, кога во вторник на гостински терен куманосвките кошаркари ќе ги одмерат силите со МЗР Скопје Аеродром.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.