Ракитиќ: Одиме на победа на „Стемфорд Бриџ“

Сподели со своите пријатели

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, го коментираше денешниот меч во Лигата на шампионите против Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Хрватскиот играч од средниот ред е убеден дека неговиот тим ќе ја бара победата при посетата во Англија.

– Ние мора да одиграме дуел, без да размислуваме за реваншот на „Камп Ноу“. Ќе мораме да одиграме на најдобриот начин и да се обидеме да победиме. Излегуваме за победа, а потоа ќе видиме што ќе се случи, изјави Хрватот на редовниот прес пред дуелите од ЛШ.

– Меси е во добра форма. Никогаш не сум го видел да тренира толку многу во салата. Тој дава се од себе за да биде во добра физичка состојба и за да ни помогне. Нам ни е потребен и се надеваме дека ќе игра на секој натпревар на Барселона до крајот на сезоната, рече Ракитиќ.

– Ние излегуваме против најдобриот тим во Англија и ќе гостуваме на многу посебен стадион. Ние сме многу мотивирани. Азар е најважниот играч во тимот на Челзи, но има и други добри натпреварувачи. Ќе мораме да одиграме на најдобар, за да го спречиме, заклучува играчот од средниот ред на Барселона.

Leave a Reply