Главниот град на Украина и многу други градови се под ракетен напад, објави денеска заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, повикувајќи ги луѓето да останат во засолништа, а очевидци јавуваат за експлозии во рускиот град Белгород.
На социјалните мрежи се шират различни видеа од нападот, меѓу кои и она на кое се гледа кратерот на детското игралиште кое се наоѓа во паркот на населбата Шевченко во Киев.
„Имаше нишалки на местото на кратерот“
„Станува збор за детското игралиште во Шевченка, кое се наоѓа во парк во центарот на Киев. Тоа е многу посетен простор, каде што редовно доаѓаат семејства со деца“, напиша Сергеј Сумлениј на Твитер.
Еден од коментаторите под објавата напишал дека порано имало нишалки на местото на кратерот и дека попладне игралиштето обично е полно со деца.
Автентичноста на снимката од нападот на детското игралиште не е независно проверена.
It is a children playground in Shevchenka park in the very Kyiv center, one of the most vivid areas where families are always present. I walked here regularly. It was one the first places in Kyiv I visited in 2014, and one of the last I visited in 2022. pic.twitter.com/e5HtFIMdHT
— Sergej Sumlenny (@sumlenny) October 10, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.