Високото загадување на воздухот е една од најголемите теми во последно време. Сепак, во некои делови на светот воздухот е толку чист што се смета за вистински мелем за белите дробови и целокупното здравје.
13 здравствени проблеми кои ги предизвикува загадениот воздух
Хонолулу, Хаваи
Островот Хаваи воопшто, а особено Хонолулу, се смета за една од областите со најчист воздух во САД, но и низ целиот свет.
Експертите веруваат дека за тоа се заслужни ветровите што дуваат таму и сите лоши честички ги носат кон морето. Дали чистиот воздух е причината зошто Хаваи се наоѓа на списокот на држави со најмалку срцеви удари годишно?
Цирих, Швајцарија
Вториот најчист град, кој воведе строги техники за управување со отпад. Жителите претежно се одлучуваат за возење велосипед, а што се однесува до транспортот, тие користат возови, автобуси и метро.
Малкумина избираат да возат автомобил, што го направи Цирих еден од градовите со најчист воздух.
Аделаида, Австралија
Овој град повеќе пати беше прогласен за еден од најчистите во светот, но и рангиран високо на списокот на најдобрите места за живеење.
Калгари, Канада
Тој го заработи своето место на списокот на најчисти градови, веројатно со неговиот пристап кон отстранување и управување со отпад.
Нивната кампања „премногу добро за да биде отпад“ значително го намали количеството на ѓубре што завршува на полињата.
Сортирањето на компостот и рециклирање на различни материјали драстично го намалија загадувањето во Калгари.
Хелсинки, Финска
Овој град е една од најчистите престолнини во светот. Една од главните причини за тоа е што граѓаните најчесто избираат да патуваат со велосипед.
Верувале или не, Хелсинки има повеќе од 3.800 километри велосипедски патеки.
Рејкјавик, Исланд
Тој е еден од петте најчисти градови во светот. Градот е целосно посветен на користење на алтернативни извори на енергија – околу 90 проценти од градот се загрева и се снабдува со електрична енергија преку геотермална енергија.
Хамбург, Германија
Светски лидер во зелените енергетски концепти. Хамбург е добар пример за тоа како можат да функционираат овие стратегии – целта е да се намалат емисиите за 40 проценти до 2020 година, и за дури 80 проценти до 2050 година.
Велингтон, Нов Зеланд
Релативно ниската популација и специфичната географска локација го прават главниот град на Нов Зеланд полн со свеж, чист воздух, со тоа што граѓаните дополнително придонесуваат за чистотата на целиот град.