РАДУВАЈ СЕ КУМАНОВО: Ракометарките го освоија Купот и носат нов пехар!

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово го осовија Купот на Македонија откако во Автокоманда денеска го совладаа составот на Вардар со резултат 26:18.

Loading...

Ова е втор пат по ред кумановки да го освојуваат пехарот во Купот на Македонија. Тоа го сторија и во 2019 година исто така против Вардар, кога и беа домаќини на завршницата.

Денеска избраничките на тренерот Ненад Краљевски повторно го направија Куманово гордо.

Во стартот Вардар имаше мала предност пред Куманово, но кумановки не дозволија тоа да ги демотивира и за кратко време го свртеа резултатот во своја предност. Константно во првото полувреме имаа водство од три до четири поени, а тоа го задржаа и на полувреме.

Вториот дел од средбата ЖРК Куманово одигра извонредно и во ниту еден момент не дозволи Вардар да поведе или да им ја загрози предноста.

Сето тоа ги доведе до краен резултат од 26:18 и голема радост, бидејќи го кренаа трофејот.

Пехарот и златните медали на девојките на ЖРК Куманово пристинуваат денеска во својот град, откако лавовски се озборија за нив!

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply