16.05.2019 13:53

Радиоактивни животни откриени 11 километри под водата


Животните кои живеат во најдлабоките делови од океаните во себе носат радиоактивен јаглерод, покажуваат нуклеарните тестови спроведени во периодот на Студената војна.

Научниците неодамна пронашле зголемени нивоа на радиоактивен јаглерод во амифоподите, суштества кои наликуваат на шкампи, кои живаат и до 11 километри под површината на водата.

loading...

Во темните длабочини, каде притисокот е висок, амфиподите бараат органски материјал кој потонува од површината. Јадејќи остатоци од животни кои биле изложени на радиоактивност од Студената војна и нуклеарни тестови, телата на амфиподите сега се наполнето со јаглерод, односно изотпот 14, познат и како „бомба јаглерод“.

Научниците во новата студија напишале дека ова е прв доказ за покачено ниво на радиоактивен јаглерод на дното на океаните.

Кога глобалните гиганти ги детонирале своите бомби во 50те и 60те години, експлозиите праќале неутрони во атмосферата.

Таму, неутралните честички реагирале со натриум и јаглерод и создале јаглеров изотоп 14, кои потоа се вратил во океанот, по што го апсорбирал морскиот свет.

Нешто од изотопот 14 по природен пат се јавува во атмосферата, но во текот на 60те години атмосферскиот радиоактивен јаглерод бил на ниво скоро два пати повисоко од она кое било присутно пред нуклеарните тестирања.

Тие нивоа не започнале да паѓаат додека тестирањата не биле прекинати.

Набргу потоа првите нуклеарни експлозии со покачени количини на изотопот 14 се појавиле во телата на животните во океанот во близина на површината.

За новата студија, научниците отишле подлабоко, истражувајќи ги амфиподите собрани на три локации во западниот дел на Пацификот.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments