РАДИО БРАНОВИ ПРИСТИГНАА ДО ЗЕМЈАТА: Ловци на вонземјани регистрирале необичен сигнал!

Сподели со своите пријатели

Група астрономи кои со години трагаа по вонземски живот, забележаа интригантна емисија на радио бранови, што, им се чини, доаѓа од правецот на Проксима Кентаури, ѕвездата најблизу до Сонцето.

Loading...

Тесниот зрак на радио бранови го фатил телескопот Паркс во Австралија за време на надзор од 30 часа, во април и мај минатата година.

Анализата на зракот траела веќе некое време, а научниците сè уште не го идентификувале виновникот на Земјата, на пример поминувачки сателит или опрема на Земјата, пренесува „Гардијан“.

Не е невообичаено астрономите да набљудуваат необични радиобранови со телескопот Паркс како дел од проектот „Брејктру лисен“, но сето ова досега се припишува на човечки постапки или природни нарушувања.

Дали верувате во вонземјани?

Најновиот „сигнал“ може да добие секојдневно објаснување, но насоката на тесниот зрак, околу 980 MHz, и очигледното поместување на нејзината фреквенција, за кое се утврдиlo дека е во согласност со движењето на планетите, додадоа мистериозна нота на ова откритие.

 

Loading...

 

Зракот на радио бранови, кој се чини дека доаѓа од насока на Проксима Кентаури, црвена џуџеста sвезда на 4,2 светлосни години од Земјата, не е повторно забележан од првичните набљудувања, според астрономите кои сакаат да останат анонимни затоа што истражувањето е во тек.

– Тоа е првиот сериозен кандидат од „Wow сигналите“, рекол кратко.

Патем, „Wow сигналот“ е откриен во 1977 година. Тоа е краткотраен тесен опсег на радио сигнал, откриен од опсерваторија во Охајо во потрага по вонземски интелигенција.

Необичниот сигнал, кој го добил своето име откако астрономот Џери Еман напиша „Wow!“ покрај податоците, предизвика бранови на ентузијазам, иако Еман предупредил дека „не се прават големи заклучоци од полу-податоци“.

Leave a Reply