Радикалните исламисти ги регрутираат бегалците откако ќе стапнат на германско тло

Сподели со своите пријатели

Претсетаделот на германската Федерална канцеларија за заштита на уставот (BfV), Ханс Георг Масен, предупрeдува дека радикалните исламисти – салафисти, се обидуваат да регрутираат муслимански сунити кои се наоѓаат меѓу бегалците во Германија, на тој начин што им нудат помош.

Loading...

Ние го следиме однесувањето на салафистите како филантропи и хуманитарци кои намерно сакаат контакт со бегалците, а подоцна ги повикуваат во одредени џамии за да ги регрутираат за својата работа – вели Mасен за „Рајнише пост“.

Тој ги намалува стравувањата дека Исламската држава би можела да се обиде да прати свои терористички одреди престорени во бегалци на територијата на Германија, изјавувајќи дека BfV и Федералната информативна служба (BND) ги следат поголемиот дел од разговорите и дека не пронашле било какви занци дека такво нешто се подготвува, пренесува агенцијата Ројтерс.

Патиштата кои бегалците ги користат се многу опасни за терористите, затоа што така би ризикувале со смрт или можност да бидат откриени, додава Масен.

Ројтерс пак наведува дека експертите за безбедност наведуваат дека ризикот од терористичка група како што е Исламската држава би можел да ги прокриумчари екстремистите во Европа под бранот на бегалци, но во многу помали мерки од она за што политичарите зборуваат.

Германската влада оваа година очекува прилив од 800.000 бегалци, пред се муслимани од Сирија, Ирак и Авганистан.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.