Работниците од „Веибо“ го блокираа патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 200 работници од „Веибо Груп“ од Крива Паланка денеска го блокираа магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во времетраење од три часа, а на тој начин изразија револт бидејќи платите и придонесите за здравство не им се исплатени веќе три месеци, а не добиле ниту К-15.

На работниците им се обрати и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој вели дека се прават напори што поскоро да се изнајде решение од ваквата стостојба, а од работниците побара формирање Иницијативен одбор кој ќе ги застапува нивните интереси.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.