Работа од соништата – Тестирајте луксузни јахти за 93.000 долари годишно

Сподели со своите пријатели

Стартап вебсајт огласи потенцијално најдобра професија во светот – платено патување околу светот и тестирање на луксузни јахти, пренесува Фокс Њуз.

Loading...

Работата од соништата ја огласи „HushHush“, неодамна лансиран сајт за луксузно купување.

Пазарот, познат како „Амазон за милионери“, бара некој кој ќе ги оценува јахтите пред тие да бидат огласени на сајтот.

Огласот за таа улога, која се плаќа 1.865 долари неделно, бара од вработениот да живее, јаде и спие на јахтата седум дена, проверувајќи ги нејзините функции, квалитет, вклучително дури и врати, кревети, тушеви и санитарни јазли.

Лицето кое ќе победи на конкурсот ќе има можност да оцени и до 50 јахти годишно, што се плаќа околу 93.000 долари.

Како што пренесува Инсајред, искуството со јахтите не е неопходно, иако, како што се анведува, би било значајно за лицата кои ќе се пријават.

Loading...

Мора да имаат барем 21 година, важечки пасош и да бидат достапни во текот на годината.

– Пријавените ќе ги оценуваат јахтите и ќе ги споредуваат со ригорозни стандарди кои ги има „HushHush“ з ад абидат огласени на сајтот, наведува компанијата.

Ова не е прв пат компанијата да огласува луксузна улога за „тестер на производи“.

Предхотно оваа година, истата компанија огласи потрага за лице кое ќе тестира слични производи – стил, комфор, перформанси и погодности за сајт и ќе пишува детален извештај за секоја работа.

Тоа може да биде било што од луксузни автомобили до приватни авиони, па дури и преубави приватни острови.

Некои од најскапите работи кои се продаваат на сајтот се и француски замок од 112 милиони долари, како и „суперјахта“ од 37 милиони.

Loading...

Leave a Reply