РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Најпознатиот бар на Јамајка бара шанкер

Сподели со своите пријатели

Секојдневно различни компании нудат „работа од соништата“ на тропски локации поради сопствената промоција, но „Foyd’s Pelican Bar“ на Јамајка конкурс распишува од други причини.

Loading...

Станува збор за бар на вода до кој може да се пристапи само со чамец, а еден од среќните кандидати ќе добие можност да работи „во еден од најчесто фотографираните барови на светот“.

Огласот го објавила американска туристичка компанија „Virgin Holidays“ и навела дека сопственикот на споменатиот бар Фолјд Форбс сака конечно да направи пауза по 18 години зад шанкон и дека од таа причина му е потребен некој кој ќе го замени оваа лето.

Сепак, работата не е постојана, трае само седум дена, по што избраниот кандидат мора да се врати анзад, во својата реланост.

За жал, право на пријава имаат само Британците и тоа оние кои имаат искуство со работа во бар или паб, кои знаат да направат добра атмосфера, вешти се да изберат музика и слично.

Барот е одалечен од копно околу два километри, а отворен е во 2001 година. Три години подоцна е уништен од ураганот Иван, но потоа повторно изграден. Неговата популарност растела, па Форбс немал време за одмор. Оваа година ќе добие привремена замена за да земе здив.

Кандидатот кој ќе биде примен ќе добие повратен билет за Јамајка, седумденевно сместување и хонорар од 1.150 долари.

Leave a Reply