Путиновите „Ангели на смртта“: Жени пилоти кои управуваат нуклеарни бомбардери!

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ги „ослободи“ своите „ангели на смртта“, пишуваат западните медиуми.

Станува збор за жени кои штотуку завршиле училиште за воени пилоти, а сега се во руските воздухопловни сили.

Тие беа видени за време на викендот на парада во Краснодар по квалификациите за Воздухопловната академија Серов, пишува Дејли Мејл.

Loading...

Жените се обучуваат за управување со стратешки нуклеарни бомбардери, како и за транспортни авиони.

Западните медиуми ги нарекоа „ангели на смртта“ на Путин.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека женските пилоти „славно“ ја продолжуваат традицијата.

– Вие сте пример за оние девојки кои ќе ве следат – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напади врз Запорожје, една жена е убиена

За потсетување, лидерот на СССР, Јосиф Сталин, им дозволи на жените да летаат и да се борат за време на Втората светска војна, а 23 од нив подоцна беа прогласени за херои на сојузот.

Loading...

Годинава Шојгу избра една кандидатка, Ана Шчербакова од Перм, која првично беше одбиена.

Таа беше меѓу 400 пилоти, од кои 16 жени, кои дипломираа.

Иако некои медиуми шпекулираат дека ќе бидат испратени во Украина, засега нема официјална потврда.

Првите жени пилоти на воздухопловните сили кои се квалификуваа по Втората светска војна беа видени како фрлаат ливчиња и монети во воздух додека минуваше парадата.

Кога го завршија петгодишниот курс во 2017 година, полковникот Олег Пчела им рече на кандидатите дека девојките обично се поемотивни и понежни, но истакна дека имаат голема желба да и помогнат на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинските сили нападнаа градови во окупираните делови од Донецк

– Имаат добра мотивација која ќе им овозможи да научат да управуваат со нашите воени авиони и да ги извршуваат задачите на нивните команданти. Да се ​​стане воен пилот е многу одговорна работа. Тоа е тешко занимање, бара и високи морални вредности – рече тој.

 

https://youtu.be/6m-dNh0aKFo

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.