ПУТИН ЗБЕСНА: Будала и нестабилна личност нè обвинува за допинг

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Руската федерација Владимир Путин ги повика сите руски спортисти да ги почитуваат правилата кои ги има поставено Меѓународниот олимписки комитет за учество на Зимските олимписки игри во Пјончанг, а претставникот на Меѓународната анти-допинг агенција, Григориј Родченков го нарече будала.

Голема прашина во светскиот спорт крена поранешниот директор на Руската анти-допинг организација Григориј Родченков кој рече дека државата организирала систематски допинг за време на Олимписките игри во Сочи.

Голем број руски спортисти учесници на игрите во Сочи во 2014. година останаа без медали и доживотно се суспендирани од најголемото планетарно натпреварување.

Сите руски спортисти се под лупа на Меѓународната анти-допинг агенција, а голем број од нив немаат право на учество во Пјончанг. По директните обвиненија се огласи и Путин.

– Родченков е будала. Фатен е и го одведоа во Соединетите Држави, а јасно е дека тој е личност која има проблеми со законот. Призна дека бил ангажиран во илегални активности, би требало да биде затворен, рекол Путин.

Поради сомневања дека биле под систематски допинг диригиран од страна на државата, руските спортисти се натпреваруваат во Јужна Кореја без државно обележје под името „Независни спортисти од Русија“.

Путин наведе дека Родченков се обидел да изврши самоубиство, а целиот случај се сведува на сведочење само на една нервно нестабилна личност.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.