Путин за убиството на Дарија Дугина: Ова е подло и сурово злосторство

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија, Владимир Путин, зборуваше за трагичната смрт на Дарија Дугина, ќерката на Александар Дугин.

Loading...

Путин рече дека тоа е „одвратно злосторство“, пренесува АФП.

– Подло, сурово злосторство го заврши животот на Дарија Дугина, светла, талентирана личност со вистинско руско срце, љубезна, полна со љубов, сочувствителна и отворена. Новинар, научник, филозоф, воен дописник, чесно му служеше на народот, на татковината, делумно докажа што значи да се биде руски патриот – стои во телеграмата со сочувство што претседателот на Русија ја испрати до семејството на убиеното девојче.

Да потсетиме, Дарја загина во експлозија на автомобил во саботата во Русија.

ФСБ тврди дека зад убиството стои припадник на украинските специјални служби, а Украина негира дека била вмешана во убиството на Дугина.

– Утврдено е дека злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјалци. Сторителот е државјанин на Украина Вовк Наталија Павловна, родена 1979 година – се наведува во соопштението на ФСБ, пренесено од РИА.

ФСБ појасни дека Вовк, заедно со нејзината 12-годишна ќерка, пристигнала во Русија на 23 јули и изнајмила стан во куќата во која живеела Дугина, за да собере информации за нејзиниот начин на живот.

Дарја Дугина загина на 20 август во експлозија на автомобилот во кој требало да биде нејзиниот татко.

Loading...

Руските медиуми јавуваат дека експлозивот бил поставен на џипот со кој Дарја дошла на фестивалот за литература и музика Традиција.

Според извори на ТАСС, секој на паркингот на фестивалот можел да му пријде на џипот и да постави експлозив.

– На фестивалот имаше многу посетители. Паркирани возила имало и од левата и од десната страна на автопатот Звенигород. Имаше и рампа за паркирање, а речиси се беше земено. Таму бил паркиран и џипот во кој Дугина го напушти фестивалот. На паркингот немало преглед на возилата, така што експлозивот можел да биде поставен од кој било, каде било – вели изворот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.