Путин за прв пат не ја честиташе Новата година од Кремљ, туку опкружен со војници

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин одржа новогодишно обраќање до Русите.

Loading...

Овој пат тој не зборуваше во Кремљ, како и обично, туку опкружен со војници кои учествуваат во војната во Украина.

Путин ја нарече 2022 година година на клучни настани кои ги поставуваат темелите на иднината за Русија и светот, и година исполнета со немири и вознемиреност.

„Тоа беше година на вистински пресврти и судбоносни настани. Година на тешки, но неопходни одлуки, од кои најважна е онаа за преземање чекори кон стекнување целосен суверенитет“, рече тој.

„Но, нашиот мултинационален народ, како што беше случај во сите тешки периоди од руската историја, покажа храброст и достоинство. Со зборови и дела ги поддржа бранителите на татковината. Нашите војници и офицери. Сите учесници во специјалната воена операција. изјави Путин.

Тој посочи дека вистината е на страната на Русија, која го штити својот народ на своите историски територии.

„Со години, западните елити ја уверуваа Русија за мирољубиви намери, вклучително и во Донбас, но всушност тие ги поддржуваа неонацистите и се подготвуваа за агресија. Сега за ова отворено се разговара, а народот на Украина се користи за да се подели и ослабне нашата земја“, рече Путин.

„Никогаш никому не сме дозволиле и нема да дозволиме никому да го направи тоа“, додаде тој.

Loading...

Тој изрази уверување дека Русија ќе ги надмине сите тешкотии и ќе остане голема и независна земја.

„Отсекогаш знаевме, а денес уште еднаш сме убедени дека суверената, независна, сигурна иднина на Русија зависи само од нас. Од нашата сила и волја“, заклучи тој.