Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.
Во него се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се обрати пред рускиот парламент во петок, на 30 септември и дека „постои можност Путин да го искористи обраќањето за формално да ја објави анексијата на окупираните региони на Украина“.
Денеска треба да завршат референдумите што во моментов се одржуваат во окупираните региони на Украина.
Москва се надева дека анексијата ќе биде сфатена како воен успех
Руските лидери се надеваат дека најавата за анексија на окупираните територии ќе биде сфатена како успех на „специјалната воена операција“ (како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украина) и ќе ја консолидира јавната поддршка за конфликтот, се вели во извештајот.
Но, таа надеж најверојатно ќе биде поткопана од свеста на руската јавност за неодамнешните порази на руските сили на бојното поле и значителните немири предизвикани од најавата за делумна мобилизација, според британското воено разузнавање.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 27 September 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/xG1CgXqeKM
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/schw2ockbs
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) September 27, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.