Путин: Во Украина се правени компоненти за биолошко оружје

Сподели со своите пријатели

Во Украина, под контрола на САД, правеле компоненти за биолошко оружје, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на седницата на ОДКБ во Москва.

Loading...

Путин рече дека се создаваат механизми за дестабилизирање на епидемиолошката ситуација во Комонвелтот на независни држави.

 

Министрите на ЕУ ја потикнуваат Унгарија да се приклучи на ембаргото за нафта

 

Коментирајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, Путин посочи дека Русија нема проблеми со овие земји, нивниот влез не претставува закана, но ќе предизвика одговор.

„Русија нема проблеми со Финска и Шведска, нивниот евентуален влез во НАТО не претставува закана за Москва. Но, проширувањето на воената инфраструктура на териториите што ќе влезат во НАТО ќе предизвика негативна реакција“, рече Путин.

 

Loading...

Зеленски го смени командантот за територијална одбрана

 

Рускиот лидер го нарече проширувањето на НАТО проблем кој е вештачки создаден во надворешнополитичките интереси на САД.

Путин најави серија заеднички вежби на ОДКБ во Казахстан, Киргистан и Таџикистан, кои ќе се одржат оваа есен.

 

Песков: Влезот на Финска и Шведска во НАТО не ја зајакнува безбедноста на Европа

 

Путин рече дека зад затворени врати детално ќе ги информира лидерите на ОДКБ за напредокот на специјалната воена операција во Украина.

Loading...