Путин веројатно планира како да се одмазди на шефо на Вагнер, тврди директорот на ЦИА

Сподели со своите пријатели

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Loading...

Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф водеа бунт во Русија.

„Бунтот на Вагнер откри значителни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè уште бара одмазда против Пригожин“, рече Барнс вчера на форумот за безбедност во Аспен, пишува Би-би-си.

„Путин верува дека одмаздата се служи ладно“

Пригожин се пресели, но не е јасно каде е сега бидејќи неодамна беше во главниот град на Белорусија, Минск, но и во Русија.

Шефот на ЦИА смета дека Путин се обидува да купи време додека да смисли како најдобро да се справи со Пригожин.

Платениците на Вагнер сè уште имаат вредност за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, така што Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот водач, рече Барнс.

Тој додава дека Путин би можел да чека со одмазда.

„Путин е некој што мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно. Според моето искуство, Путин е врвниот апостол на одмаздата, па би бил изненаден доколку Пригожин избегне понатамошна одмазда“, рече Барнс.

Loading...

„Да бев Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“

Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден посочи дека постои ризик шефот на Вагнер да биде отруен.

„Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, коментираше Бајден.

Директорот на ЦИА е на исто мислење како Бајден.

„Да бев на местото на Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“, рече тој, додавајќи дека ЦИА има информации за бунтот на Вагнер.

Според извештаите, за бунтот однапред знаел и високиот генерал на руската армија Сергеј Суровикин.

Барнс вели дека Суровикин ја нема истата слобода на движење како Пригожин.

„Ако Украина постигне понатамошен напредок на бојното поле, тоа би можело да наведе повеќе Руси да обрнат внимание на критиките на Пригожин за војната.

Востанието на Вагнер беше најдиректниот напад што Путин го видел во 23-те години на власт. Оправдувањето на Кремљ за војната во Украина е изградено на лаги.

Loading...

Путин проектира слика за себе како арбитер на редот во Русија, што значи дека по 36 часа бунт, многумина во земјата можеби се прашуваат дали царот е гол, или барем зошто му треба толку долго да се облече.

Тоа би покренало подлабоки прашања меѓу руската елита за проценката на Путин што постоела од неговата одлука да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Ако Украина направи дополнителен напредок на бојното поле, тоа би можело да наведе повеќе Руси да обрнат внимание на критиките на Пригожин за војната“, коментираше шефот на ЦИА.

Барнс додаде дека постојат знаци дека Русија би можела да нападне бродови во Црното Море под лажно знаме, а потоа да ги обвини Украинците, пишува Би-Би-Си.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.