Путин: Украина договараше испорака на нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се обрати пред парламентот за состојбата на нацијата и војната во Украина, непосредно пред годишнината од инвазијата на Украина.

„Овој говор го држам во многу тежок контекст, во многу тешко време. Во светот се случуваат големи промени кои ќе ја одредат иднината на светот и нашата земја. Пред една година, со цел да го заштитиме нашиот народ во нашата историски територии решив да започнам специјална воена операција. Чекор по чекор ќе ги постигнеме целите пред нас“, рече Путин на почетокот на својот говор.

„Направивме се за да го решиме конфликтот со режимот во Киев на мирен начин, но зад нашиот грб се подготвуваше сосема поинакво сценарио. Тврдењата на западните лидери беа лажни, тие купуваа време и замижуваа пред политичките убиства и репресија на режимот во Киев во Донбас“, рече  Путин.

„Пред специјалната воена операција Киев преговараше за испорака на тешка воена опрема, противвоздушна одбрана, авиони и нуклеарно оружје“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.