Путин прогласи примирје

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен „хуманитарен“ прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, соопшти Кремљ.

Loading...

„Во овој период, сите воени дејствија ќе бидат суспендирани. Русија верува дека украинската страна треба да го следи овој пример“, се вели во соопштението на Кремљ.

Русија ќе го одбележи Денот на победата во Втората светска војна со голема парада.

Соопштението доаѓа во време кога Москва продолжува да го отфрла барањето на Киев за целосен и безусловно прекин на огнот како прв чекор кон поширок мировен договор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја за прв пат призна дека испратила војници во Украина