Путин призна: Мобилизираме и земјоделци

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател изјави денеска на средба со официјални лица дека меѓу Русите кои се мобилизираат за војна против Украина има и земјоделци, пренесува Ројтерс.

Русија е најголемиот извозник на пченица во светот, а есента е важна сезона за руските земјоделци бидејќи почнува сеидбата на зимската пченица за жетвата следната година.

Зимската сеидба веќе значително доцни поради обилните врнежи.

Loading...

„Сакам да им се обратам на регионалните лидери и лидерите на земјоделските компании. Како дел од делумната мобилизација, покани доаѓаат и до земјоделските работници. Нивните семејства треба да бидат поддржани и ве молам да обрнете посебно внимание на тој проблем“, рече Путин во разговор со земјоделски службеници, кој беше емитуван на руската државна телевизија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.