Путин позираше помеѓу убавиците на Црвената армија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

28 јуни 1942 година. Поминале година дена од германската инвазија на СССР, под називот Операција Барбароса. Тоа бил Хитлеровиот план за уништување на, како тој го нарекол, словенската хорда. Но се не “течело” лесно. Москва и Ленинград се спротиставиле на нападот.

Во летото 1942 година, Хитлер одлучил како ќе заповедува со војската. Тој и наредил на војската да ја помине реката Волга и да го завземе градот Сталинград, кој тоа време имал околу 700.000 жители. На моќната германска дивизија на чело со генералот Фридрих Фон Паулус, и била дадена задачата за завземањето на Сталинград. Војниците биле ветерани од успешниот “блицкриг” во Холандија, Белгија и Франција. Хитлер ја потценил Црвената Армија.

 

Loading...

 

По почетокот на Операција Барбароса на 22 јуни 1941 година, тој мислел дека можел да ја порази Русија за 3 до 6 месеци. Но, по победата на Црвената Армија во Битката за Москва и силниот отпор на населението при опсадата на Ленинград, на Хитлер му станало јасно дека Советскиот Сојуз не може да биде лесно и брзо поразен.

Сите зими во Втората Светска Војна биле екстремно студени, поради што Хитлер брзал со подготовките на германските вооружени сили за да го завземат Сталинград во летото 1942, бидејќи му станало јасно дека во зимски услови, Црвената Армија била надмоќна на бојното поле.

 

 

На почеток на битката, Германците брзо се движеле. Времето било топло и германската војска лесно се движела низ руските степи. Ростов, на југ, паднал во рацете на германците на 27 јули 1942 година. Војската стигнала до последната препрека, реката Дон, која води до Сталинград и го успорувала “блицкригот”. Сталинград и Волга се оддалечени 40 милји или околу 64 км. На Германците не им било тешко да ја преминат реката Дон, бидејќи немало никаков отпор. Тоа го одобрил Хитлер. Кога дознал дека Германците лесно ја преминале реката, мислел дека и лесно ќе го завземе Сталинград, верувајќи дека Русите бегаат, не знаејќи дека Сталин ги наредил нивната евакуација и палењето на нивните имоти и земја, се со цел ништо да не остане за германскиот окупатор.

 

Loading...

 

21 август, 6-тата пешадиска дивизија се стационирала на источните брегови на реката Дон. За пoмалку од 2 месеца борба против германците, русите изгубиле околу 250.000 луѓе. Како што германците продирале до Волга, губитоците станувале се поголеми. Кога Сталин дознал каде одат германците и зашто, намерно ги повлекувал војниците на позиција која полесно се бранела. Истовремено возвраќал на нападите на германците.

Русите го испратиле секој слободен човек на линија долга околу 64 км, која ги одвојува Волга и Дон. Како што германците се приближувале, Сталинград бил претворен во вооружен камп. Руските цивили копале ровови и изградувале замки за тенковите. Сталин забранил било каква евакуација од градот. Рекол дека војниците ќе се борат посилно за жив град, отколку за празен град. Германските сили дошле до предградијата на Сталинград доцна во август 1942 година. Нивните дивизии стигнале до Волга северно од градот и тргнале накај градот од југозапад. Тогаш германските воздухопловни сили извршиле тешко бомбардирање на градот, а артилеријата го сторила истото од земја. Додека Сталинград бил под напад на воздухопловните сили, германските трупи се приближувале до уништениот град. Целта на воздухопловните сили била до срамнат градот со земја. Посебно делот на градот каде што била развиена иднустријата, со неколку фабрики кои произведувале оружје.

 

 

До септември русите не се откажувале од одбрана, а германците влегле во Сталинград. Две недели подоцна, германците ја завземале највисоката точка на градот, гробиштата познати како Мамаев Врв. Оттаму артилеријата и пешадијата можеле ги имале русите на нишан со голема прецизност.

На 16 септември, два дена откако германците ги заземале гробиштата, 13-тата дивизија на Црвената Армија ја нападнала најтешката точка. Битката на гробиштата завземала подрачје од 500 м2. Битката била “човек на човек”, и се водела секаде на брегот. Се војувало преку лешевите од претходните битки. 7000 руси погинале во битката.

 

 

Битката во Сталинград се водела повеќе против цивилите, отколку спрема војниците. Сталин наредил на луѓето да се борат за секој камен, куќа и улица.

На 19 ноември русите биле спремни за напад. Тенковите и оружјето биле спремни, наредувањето било дадено.

Преку милион руски војници, 894 тенкови и 1115 авиони брзале да ја уништат предолгата германска линија. Преку степите марширале околу 50.000 козаци.

 

Loading...

 

Во следните 6 недели снајперистот Василиј Зајцев, убил околу 200 германци.

На 31 јануари фелдмаршалот Фридрих Паулус се предал на неговиот руски противник, генералот Василиј Чујков. Битката за Сталинград ја добиле Русите. Митот за непобедливоста на германската воена машинерија бил побиен од страна на Црвената Армија.

Pages: 1 2