Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави дека потпишал указ за ставање на готовност на нови копнени стратешки ракетни системи.
Тој рече дека САД и НАТО директно соопштуваат дека целта им е да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија“, а во исто време бараат од Москва да се врати на стратешкиот договор за неширење СТАРТ, вклучително и проверка на објектите.
„Пред една недела, на пример, потпишав декрет за ставање на готовност нови копнени стратешки ракетни системи“, рече Путин во денешното обраќање пред Федералното собрание, пренесува Тасс.
Тој исто така рече дека НАТО бара да се проверат руските одбранбени објекти, вклучувајќи ги и најновите, „како ништо да не се случило“.
И тие сакаат да си го пикаат носот таму. Дали навистина мислат дека така лесно ќе ги пуштиме, нагласи Путин.
Тој денеска во Сојузното собрание изјави и дека Москва го суспендира учеството во договорот за стратешко офанзивно оружје – СТАРТ, како и дека Министерството за одбрана и Росатом треба да бидат подготвени да тестираат нуклеарно оружје доколку тоа го направат прво САД, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

