Путин: Нема опасност од радијација по експлозијата во Русија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не постои ризико од зголемено ниво на радијација по експлозијата на полигонот за воени проби на северот на Русија, која се случи на 8 август, кога загинаа пет лица.

Loading...

Обраќајќи им се на медиумите заедно со францускиот претседател Емаунел Макрон при билатералната средба, Путин рече дека сите повредени и настрадани во експлозијата ќе добијат државни одликувања, пренесува Ројтерс.

Тој додал дека се преземени сите неопходни безбедносни мерки нагласувајќи дека не постои ризик од јадијација.

Норвешката агенција за нуклеарна безбедност недаомна соопшти дека анализирала мали количества радиоактивен јод откриен на северот на Норвешка по експлозијата при ракетниот тест во Русија.

Агенцијата соопштила дека радиоактивниот јод е откриен во нејзината станица за филстрација на воздух во Сванховод, кај руската граница.

Примероците се собирани во период од 9 до 12 август, додека инцидентот се случил во регионот Архенгелск на северот на Русија на 8 август.

Русија во сабота призна дека епслозијата во базата за лансирање проектили била од нуклеарен карактер и притоа загинале најмалку пет лица.

Leave a Reply