Путин нареди на учениците да им ги објасни причините за „специјалната воена операција“

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за образование да ја интензивира работата со младите од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон и да им ги „објасни причините и целите на специјалната воена операција“ на учениците и студентите.

Loading...

Тој побара да се работи на „зајакнување на серускиот национален идентитет во тие области“, пренесува Ведомости.

Според рускиот весник, инструкциите биле дадени по состанокот на Советот за меѓународни односи одржан на 19 мај, а наредбите мора да бидат исполнети до 1 октомври годинава.

Истовремено, Путин ги повика гувернерите да преземат дополнителни мерки за овековечување на споменот на учесниците во „специјалната воена операција“ во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најзагаденото езеро на планетата: Еден час на брегот може да ве убие (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.