Путин нареди да им се исплати еднократна помош на војниците во Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин нареди еднократна исплата од 195.000 рубљи (3.200 евра) за редовните припадници на армијата со договор и за оние кои се регрутирани да се борат во Украина, објави Кремљ.

Loading...

Москва минатата недела соопшти дека „делумната мобилизација“ на 300.000 резервисти завршила, но призна дека имало потешкотии.

Повеќе од 2.000 луѓе беа уапсени на протестите по негодувањето на јавноста поради случаите на мобилизација и покрај исклучоците од медицински причини или недостатокот на воено искуство.

„Дополнителни мерки за социјална поддршка“

Во одредбата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека целта на исплатата е да се „обезбедат дополнителни мерки за социјална поддршка“ на припадниците на редовните вооружени сили со договори и регрути. Не беа дадени повеќе детали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинската воздушна одбрана соборила руски дронви за време на посетата на Стармер

Минималната месечна плата за војниците со договор е 160.000 рубли (околу 2.600 евра), што е речиси три пати повеќе од просечната плата во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.