Рускиот претседател Владимир Путин планираше големо телевизиско обраќање утрово, според главниот надворешнополитички коментатор на Фајненшл Тајмс, Гидеон Рахман.
Loading...
Тој вели дека сакал да го објави почетокот на мировните преговори со Украина.
Рахман на Твитер објави дека Русите работат на организирање преговори во Белорусија, но дека украинскиот претседател Зеленски на крајот одбил.
Да потсетиме, украинскиот претседател неодамна објави дека разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко, но повеќе информации засега не се познати.
Од Москва попладнево пристигна соопштение дека сепак Украина ги прифатила преговорите.