Путин на Вагнер му понуди три опции

Сподели со своите пријатели

Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин им се заблагодари на борците и командантите на платеничката група Вагнер кои се повлекоа за да избегнат крвопролевање, но и вети дека ќе ги казни одговорните за бунтот.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата на тема запрен вооружен бунт во саботата вети дека одговорните за вооружениот бунт што ја фрли неговата земја во хаос ќе бидат „изведени пред лицето на правдата“.

Обраќајќи ѝ се на нацијата за прв пат по завршувањето на краткотрајниот платенички бунт викендов, Путин вети дека одговорните за вооружениот бунт што ја втурна неговата земја во хаос ќе бидат „изведени пред лицето на правдата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рјабков: Преговорите со Америка не се неопходни по секоја цена

Путин рече дека ќе го испочитува своето ветување дека ќе дозволи борците на Вагнер да бидат префрлени во Белорусија доколку сакаат, да потпишат договор со Министерството за одбрана или едноставно да се вратат кај нивните семејства.

Тој не го спомна шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој го започна вооружениот бунт.

Тој рече дека Русија во саботата докажала дека секоја „уцена“ е осудена на пропаст и им понудила на членовите на групата Вагнер да се приклучат на војската, да одат во Белорусија или да се вратат дома.

„Ви благодарам за вашата издржливост, вашето единство и вашиот патриотизам. Оваа солидарност на граѓаните покажа дека секоја уцена (…) е осудена да пропадне“, рече тој во обраќањето до нацијата, пред да им понуди на војниците од паравоената група да потпишат договор со редовната армија, да се „вратат во нивните семејства и најблиски“ или „тие одат во Белорусија“, според агенцијата АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин го разреши директорот на Роскосмос

„Мнозинството во Вагнер се исто така руски патриоти. Ја покажаа својата храброст во одбраната на Донбас, но беа охрабрени да се борат против своите сонародници“, рече тој.

Loading...

„Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање“, додаде Путин. „Мораме да размислиме за луѓето кои всушност одлучија да го направат ова.

Путин, исто така, му се заблагодари на белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој наводно посредувал за договор за ставање крај на кризата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.