Путин му го честиташе роденденот на Ердоган

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин.

Loading...

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека Путин во телефонски разговор му го честитал роденденот на Ердоган, пренесува ТРТ.

Се известува и дека Путин му се заблагодарил на Ердоган за неговиот придонес во развојот на руско-турските односи на пријателска основа.