Путин му го честиташе 70-тиот роденден на Си Џинпинг

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе 70-тиот роденден на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Loading...

Во својата честитка, Путин ги пофали напорите на кинескиот лидер за зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка меѓу Москва и Пекинг, објави веб-страницата на Кремљ.

„Тешко е да се преценат напорите што ги правите со години за зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка меѓу нашите земји“, рече Путин во својата честитка, а пренесе ТАСС.