Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор за состојбата на нацијата пред двата дома на рускиот парламент, неколку дена пред годишнината од почетокот на војната во Украина.
„Очигледно е дека Западот ќе продолжи со обидите да го дестабилизира нашето општество. Тие ќе ги користат и нашите предавници, кои секогаш го мразеле сопствениот народ. Тие се обидуваат да организираат терористички напади, но ние никогаш нема да бидеме како западните режими и Режим во Киев, кој е навикнат да лови вештерки“, рече Путин, додавјаќи:
„Нема да ги ловиме оние што ја изневеруваат нивната татковина, тие мора да живеат со неа. Мораме да бидеме горди што сме мултикултурна нација. Мнозинството од нашиот народ ги поддржува нашите операции во Донбас. Гледаме вистински патриотизам во таа поддршка“, додаде тој.
Тој потоа им се заблагодари на сите групи на општеството кои ја поддржуваат војната во Украина, исто како и војниците кои се борат во Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

