Путин: Ќе се вакцинирам, руската вакцина штити 97 проценти

Сподели со своите пријатели

Ефикасноста на руската вакцина Спутник V против коронавирусот достигнува 97 отсто, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин и вети дека ќе се вакцинира.

Loading...

– Русија е првата земја во светот што создаде и почна да произведува вакцина. И имаме добра вакцина, безбедна и ефикасна – 95 и повеќе проценти, а експертите велат дека нивото на нејзина заштита достигнува 96-97 проценти, рече Путин на годишната прес-конференција.

Тој изрази убеденост дека масовната вакцинација е неопходна бидејќи тоа е единственото нешто што создава имунитет на стадо.

Путин рече дека сè уште не се вакцинирал, бидејќи вакцината сè уште не е одобрена за граѓани на негова возраст, но тој дефинитивно ќе го стори штом ќе може.

Тој оцени дека рускиот здравствен систем се покажа како поефикасен во борбата против вирусот отколку во другите земји.

– Ниту еден систем на светот не беше подготвен за тоа. Едноставно нема таков систем, рече Путин.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply