Путин ја обвини Украина за поткопување на Турски тек

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на седницата на Советот за безбедност изјави дека се извршени повеќе терористички напади и обиди за слични злосторства врз електроенергетските постројки и инфраструктурата за транспорт на гас.

Loading...

Тој посочи дека киевските власти стојат зад експлозијата на мостот на Крим.

– Имаше различни обиди, вклучително и детонација на дел од гасоводот „Турски поток“. Сето тоа го докажуваат објективни податоци, вклучително и сведочењето на самите уапсени извршители на овие терористички напади – рече Путин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.