Путин: „Изгледа ќе се бориме до последниот Украинец“

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин, кој ја започна војната против Украина, на 7 јули на состанокот со лидерите на парламентарните партии изјави дека „сѐ уште ништо сериозно не е иницирано“ во Руската Федерација.

Loading...

Рускиот претседател, како и секогаш, вината за војната против Украина ја префрла на Западот и САД и тврди дека тие веќе „изгубиле“ затоа што почнал „колапсот на светскиот поредок на американски начин“.

– Денеска слушаме дека сме започнале војна во Донбас, во Украина. Не. Тој колективен Запад е директен иницијатор, виновник за ова што се случува денес, рече Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туск до Полјаците: Запомнете, 1.000 дена украинско херојство ја држи војната подалеку од Полска

– Денеска слушаме дека сакаат да нѐ победат на бојното поле. Па, што да кажам? Нека се обидат. Веќе многу слушнавме дека Западот сака да се бори против нас до последниот Украинец. Ова е трагедија за украинскиот народ. Но, се чини дека се оди во таа насока, изјави Путин на средбата со раководството на Државната дума.

Путин главна цел на нападот на Украина ја нарече одбрана на Донбас и „зајакнување на безбедноста на самата Русија“.

„Москва објасни дека задачите на специјалната операција вклучуваат демилитаризација и денацификација на Украина, што е неопходно за да се обезбеди безбедноста на Русија.

Одлуката е донесена во контекст на влошувањето на ситуацијата во регионот како резултат на гранатирање од украинската армија“ – вака рускиот пропаганден весник „Известија“ ги објасни причините за рускиот напад на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам дека членките на ЕУ ќе ја следат

Страшни закани на Путин

По неуспехот на бојното поле кај Киев и регионот Чернихив, од каде што ја турнаа руската армија, Путин изјави дека целта на војната е „ослободување“ на регионите Доњецк и Луганск, додека Руската Федерација сѐ уште се надева дека ќе ја освои јужна Украина и да стигне до Молдавско Придњестровје.

Loading...

За речиси пет месеци од почетокот на инвазијата, Русија постојано ја менуваше целта на нападот, кој многу цивилизирани земји во светот го признаа како геноцид врз украинскиот народ.

Според Путин, Москва не ги отфрла мировните преговори.

– Но, тие што одбиваат треба да знаат дека колку подалеку одат, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас, изјави тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е тактичко нуклеарно оружје со кое Русија им се заканува на Украина и НАТО сојузниците?

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.