Путин: ИСИС ја финансираат 40 држави, меѓу нив има и членки од Г20 (видео)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека споделил руски известувачки податоци за Исламската држава со своите колеги од земјите на Г20, а податоците велат дека џихадистите ги финансираат дури 40 земји од светот, вклучувајќи и некои земји од Г20.

Loading...

Путин во своето обраќање кон колегите на самитот на Г20 во Турција нагласи дека итно епотребно да се прекине илегалната трговија со нафта која ја спроведува Исламската држава.

Им покажав на колегите фотографии снимени од вселената и авионите, кои јасно покажуваат колкав размер има илегалната трговија со нафта и нафтени деривати. Конвои од цистерни се протегаат на десетици километри така да од висина дури до 5000 метри, тие и натаму се гледаат – вели Путин, а пренесува „Раша Тудеј“.

Не е вистинско време да се оди со проценки која земја повеќе или помалку придонела во борбата против Исламската држава, затоа што сега е потребно обединување на меѓународната акција, истакна претседателот на Руската федерација.

Тој повторно ја истакна подготвеноста на Русија во давањето поддршка и на умерените побунувачи во Сирија, во борбата против џихадистите.

Некои наоружани сириски бунтовнички дружини размислуваат за можни активни операции против Исламската држава со руска помош од воздух, а ние сме подготвени да ја прифатиме оваа понуда. Навистина требаме подршка од САД, европските земји, Саудиска Арабија, Турција и Иран – истакна Владимир Путин.

Тој предложи првин да се донесе одлука кои групи во Сирија треба да се сметаат за терористички организации, а кои за наоружани, но се уште легално на сирискиот опозициски претседател Башар ал Асад.

На самиот крај претседателот на Русија даде осврт на критиките од западот.

Навистина е тешко да се критизираат нашите постапки. Ти се плашат да не информираат за териториите кои не би требало да ги целиме, стравувајќи дека ние баш тоа ќе го направиме, за да ги измамиме. Се чини како нивното мислење за нас да е бизирано на нивното сфаќање за тоа што е човечка пристојност – рече Путин.

Сепак тој заклучи дека заедничките напори мора да бидат насочени во борбата кон терористичките организации.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.