Путин имал агенти во безбедносните служби на Украина

Сподели со своите пријатели

Новинската агенција Ројтерс ги објави резултатите од големата истрага за плановите на Владимир Путин да ја освои Украина.

Loading...

Тие објавија докази дека долго пред почетокот на инвазијата, Кремљ започнал операција за вметнување на своите тајни агенти во државниот апарат на Украина.

Путин мислел дека ќе му требаат неколку дена и помала воена сила за да го собори Зеленски.

Пет лица запознаени со подготовките на Кремљ за војна изјавија за Ројтерс дека Владимир Путин и неговите најблиски соработници верувале дека на Русија ќе и треба само мала воена сила и неколку дена за да ја собори владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и да ја преземе контролата врз Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија има брутален нов метод на војување: Операцијата „Лажна цел“ има застрашувачки ефект

Генералниот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов изјави дека Русија имала агенти во украинската армија, безбедносните служби и полицијата до почетокот на инвазијата.

Друг извор изјави за Ројтерс дека агентите на Путин биле испратени во нуклеарната централа во Чернобил минатата година за да ги поткупат украинските власти и да подготват се што е потребно за да ја преземат централата без борба.

Заспани агенти

Според судските документи и изјавите на сведоците, украинскиот шеф на обезбедувањето во Чернобил, Валентин Витер е во притвор и е под истрага поради напуштање на функцијата.

Според информациите од предистражните документи, Витера е осомничен и за предавство, иако неговиот адвокат вели дека ова обвинение е неосновано.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петр Павел: Решеноста на Трамп може да го доближи крајот на војната во Украина

Извори запознаени со плановите на Кремљ за Ројтерс изјавиле дека Москва смета на активирање на цела серија т.н. агенти во спиење сместени во безбедносниот апарат на Украина.

Тие, исто така, ги потврдија претходните извештаи дека Путин планира да го назначи прорускиот хотелиер Олег Царјов на чело на проруската влада во Киев по соборувањето на Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.