Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Санкт Петербург ќе се сретне со Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина.
Тој денеска ќе се сретне и со директорот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.
„Претседателот денеска ќе се сретне со Ванг Ји, министерот за надворешни работи на Кина, кој е во посета на Руската Федерација“, изјави претставник на Кремљ.
Тој прецизираше дека Путин ќе го прими својот кинески гостин во Константиновата палата во Санкт Петербург, пренесува РИА Новости.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во понеделникот ја започна четиридневната посета на Русија, за време на која ќе разговара за продлабочување на меѓусебната политичка доверба меѓу Пекинг и Москва и подготовка за евентуална посета на рускиот претседател на Кина во октомври.