Путин и Орбан денес во Москва: Гас, нафта и Украина во фокусот на разговорот

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во текот на денот во Москва, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Да, можеме да го потврдиме тоа“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утрово изјави дека патува во Москва за да обезбеди стабилно и прифатливо снабдување со руски гас и нафта за Унгарија во текот на зимата и следната година.

Тој додаде дека ќе разговара и за мировните напори во Украина со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека ова прашање тешко може да се избегне.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшно невреме беснее во Грција: Улици под вода, на сила црвен аларм (ВИДЕО)

Орбан отпатува на средбата со Путин рано утрово, нагласувајќи дека патувањето е логистички барано поради војната и избегнувањето на ризичните зони, објавија унгарските медиуми.

Според податоците од веб-страницата на Кремљ, Путин како претседател на Русија одржал 12 средби со Орбан, а нивната претходна средба се одржала во јули 2024 година, кога унгарскиот премиер ги посети Русија, Украина, Кина и САД како дел од мировна мисија.

Путин и Орбан се сретнаа двапати и имаа три телефонски разговори од почетокот на војната во Украина, според ТАСС.