Путин и Лукашенко разговараа за транзитот на стоки во Калининград

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, денеска телефонски разговараа за можни заеднички чекори во врска со ограничувањата на прометот на руска стока во руската енклава Калининград, што Литванија го воведе преку нејзина територија, соопшти Кремљ.

Loading...

Според информациите, Лукашенко и Путин разговарале и за билатерална и економска соработка, пренесува РИА Новости.

Белоруска БелТА додава дека двајцата лидери разговарале и за руската специјална воена операција во Украина, ситуацијата на постсоветскиот простор, испораките на руски енергетски производи во Европа и прашањата што се однесуваат на Белорусија и Русија.

Литванија денеска го прошири списокот на стоки кои подлежат на мерки за ограничување на трговијата преку својата територија до руската енклава Калининград, како дел од постепеното воведување на претходно најавените санкции на Европската унија, објави портпаролот на литванската царина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена снимка од експлозијата во која загина командантот на Црноморската флота (ВИДЕО)

Списокот на санкционирани стоки од денеска вклучува и бетон, дрво, алкохол и индустриски хемикалии на база на алкохол, рече портпаролот, а пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.