Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира оваа недела да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин во врска со ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и воопшто за војната во Украина, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на дипломатски извор.
Ердоган ќе разговара со Путин и за резултатите од разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Лавов, како и дека ќе побара од рускиот претседател да преземе конкретни мерки за решавање на ситуацијата во Запорожје.
„Турција продолжува да ја игра својата искрена посредничка улога во овој конфликт, бидејќи таа е единствената земја што ја доби довербата од двете страни“, рече Ердоган.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.